Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Шумарство


Производство и продажба на шумски сортименти, сеча на дрва и услуги во шумарството, прво тримесечје од 2022 година

понеделник, 16 мај 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2022 година, во однос на првото тримесечје од 2021 година, е зголемено за  4.3 %.

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување  на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 20 795 м3 и бележи зголемување за 18.8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика