Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Шумарство


Производство и продажба на шумски сортименти, сеча на дрва и услуги во шумарството, четврто тримесечје од 2022 година

среда, 15 февруари 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните
шуми во четвртото тримесечје од 2022 година, во однос на четвртото тримесечје од 2021 година, е зголемено за
22.9 %.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, другото обло
дрво од иглолисни и листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и другото грубо обработено дрво,
цепeниците, дрвените столбови и колците.
Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, просторното дрво од
иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.
Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 133 258 м3 и бележи зголемување за 16.0 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика