Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Сточарство и рибарство


Број на добиток и живина, 2014

петок, 15 мај 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, во споредба со 2013, вкупниот број
на говеда е зголемен за 1.4%. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за
1.2%, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги)
е зголемен за 8.5%.
Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2014 година, во споредба со 2013 година, е намален за 16.7%,
додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 4.5%.
Зголемување на бројот на овците е забележано во двата сектора, кај индивидуалните земјоделски стопанства
за 0.4%, а кај деловните субјекти бројот на овци е зголемен за 19.6%.
Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 7.8%, а кај
деловните субјекти е зголемен за 54.2%.
Бројот на живината во 2014 година, во споредба со претходната година, е намален за 11.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 745

е-пошта:  katarina.agovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика