Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Сточарство и рибарство
Број на добиток, живина и пчелни семејства, 2009
петок, 14 мај 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, во споредба со 2008, вкупниот број на говеда е намален за 0.4%. Намалувањето на бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства изнесува 0.4%, додека бројот на говедата кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги е зголемен за 1.4%.
Бројот на свињите кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги е намален за 1.4%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 30.0%, во споредба со 2008 година.
Намалување на бројот на овците за 8.0% е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, додека кај земјоделските претпријатија бројот е зголемен за 2.5%.
Бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 29.8%, додека кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги е зголемен за 13.9% во однос на истиот период од претходната година.
Бројот на живината кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 6.5% во однос на претходната година, а кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги бројот е намален за 2.1%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 646
е-пошта:
dobrica.kuzmanovska@stat.gov
|
© Државен завод за статистика