Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Сточарство и рибарство


Број на добиток и живина, 2017

петок, 30 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, во споредба со 2016, вкупниот број на говеда
е зголемен за 0.1 %. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 0.5 %, додека бројот
на говедата кај деловните субјекти е зголемен за 22.5 %.


Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2017 година, во споредба со 2016 година, е намален за 4.5 %, додека кај
индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 1.6 %.

 
Зголемување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1.0 %, а кај деловните
субјекти бројот на овци е намален за 19.7 %.

 
Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 6.2 %, а кај деловните
субјекти е намален за 20.7 %.

 
Бројот на живината во 2017 година, во споредба со претходната година, е намален за 1.4 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика