Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Сточарство и рибарство
Број на добиток, живина и пчелни семејства, 2010
четврток, 12 мај 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година, во споредба со 2009, вкупниот број
на говеда е зголемен за 2.9%. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен
за 3.2%, додека бројот на говедата кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги е намален за
4.1%.
Бројот на свињите кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги во 2010 година, во споредба со
2009 година, е зголемен за 4.4%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 5.3%.
Зголемување на бројот на овците за 3.8% е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, додека
кај земјоделските претпријатија бројот е намален за 12.2%.
Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 19.3%, а кај
земјоделските претпријатија и земјоделските задруги е намален за 29.8%.
Бројот на живината кај индивидуалните земјоделски стопанства во 2010 година, во споредба со претходната
година, е намален за 1.3%, а кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги намалувањето
изнесува 13.0%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 646
е-пошта:
dobrica.kuzmanovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика