Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, септември 2013 година

вторник, 05 ноември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 се издадени 121 одобрение за
градење што е за 54.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 059 549 илјади
денари што е за 112.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 81 (66.9%) се наменети за објекти од високоградба,
9 (7.5%) за објекти од нискоградба и 31 (25.6%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 121 објект, на 88 (72.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти (27.3%)
инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 502 станa со вкупна корисна површина од 42 992 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика