Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, февруари 2014

среда, 09 април 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2014 се издадени 212 одобренија за градење што е за 3.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 522 477 илјади денари што е за 47.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 147 (69.3%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (15.6%) за објекти од нискоградба и 32 (15.1%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 212 објекти, на 141 (66.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 71 објект (33.5%) инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 445 станови со вкупна корисна површина од 37 313 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика