Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, март 2014

петок, 09 мај 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2014 се издадени 253 одобренија за градење што е за 9.5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 21 644 061 илјади денари што е за 683.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Зголемената предвидена вредност се должи на капиталните проекти за изградба на новите 2 автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од железничката пруга.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 196 (77.5%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (11.8%) за објекти од нискоградба и 27 (10.7%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 253 објекти, на 114 (45.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 објекти (54.9%) инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 592 станови, со вкупна корисна површина од 65 077 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика