Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јуни 2021 година

вторник, 17 август 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2021 година, се издадени 320 одобренија за градење, што е за 17.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 568 461 илјада денари, што е за 64.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година биле издадени одобренија за градење на објекти од нискоградба со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот Регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот Регион, биогасната и ветерната електрана во Вардарскиот Регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и Пелагонискиот Регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 191 (59.7 %) е наменето за објекти од високоградба, 43 (13.4 %) за објекти од нискоградба и 86 (26.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 320 објекти, на 164 (51.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 156  (48.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 639 станови, со вкупна корисна површина од 61 828 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика