Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јули 2021 година

петок, 10 септември 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2021 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 57.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
 
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 952 602 илјади денари, што е за 97.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
 
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 284 (63.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 112 (25.1 %) за објекти за реконструкција.
 
Од вкупно 446 објекти, на 201 (45.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 245 (54.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 
 
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 945 станови, со вкупна корисна површина од 153 184 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика