Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, ноември 2021 година

понеделник, 17 јануари 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за
градење, што е за 95.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 580 435 илјади денари,
што е за 398.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период е издадено одобрение за градење
на објект од нискоградбата со поголема вредност, поточно ветерна електрана во Југоисточниот регион.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 248 (61.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 43 (10.6 %)
за објекти од нискоградба и 115 (28.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 406 објекти, на 235 (57.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 171 (42.1 %) објект инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 284 станови, со вкупна корисна површина од 100 799 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика