Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, март 2022 година

четврток, 12 мај 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2022 година се издадени 373 одобренија за градење,
што е за 10.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 585 341 илјада денари,
што е за 12.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 182 (48.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 69
(18.5%) за објекти од нискоградба и 122 (32.7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 373 објекти, на 195 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (47.7 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45 333 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика