Според податоците на Државниот завод за статистика во октомври 2022 година се издадени 373 одобренија за
градење, што е за 26.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 14 404 949 илјади денари,
што е за 48.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност е резултат на издаденото одобрение за градење на пругата Бељаковце – Крива Паланка, кое е
со вредност 9 534 439 илјади денари.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 185 (49.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 127 (34.0 %)
за објекти од нискоградба и 61 (16.4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 373 објекти, на 195 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (47.7 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 699 станови, со вкупна корисна површина од 58 180 м2.