Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, декември 2022 година

вторник, 14 февруари 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2022 година се издадени 307 одобренија за
градење, што е за 18.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 102 131 илјада денари,
што е за 85.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (49.2 %) е наменето за објекти од високоградба, 83 (27.0 %)
за објекти од нискоградба и 73 (23.8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 307 објекти, на 161 (52.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 146 (47.6 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 728 станови, со вкупна корисна површина од 60 719 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика