Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2023 година се издадени 330 одобренија за градење,
што е за 2.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 841 858 илјади денари,
што е за 25.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 145 (43.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (36.1 %)
за објекти од нискоградба и 66 (20.0 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 330 објекти, на 161 (48.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (51.2 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 393 станови, со вкупна корисна површина од 37 887 м2.