Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2023 година се издадени 317 одобренија за градење,
што е за 1.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 311 942 илјади денари,
што е за 23.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (43.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (37.5 %)
за објекти од нискоградба и 61 (19.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 317 објекти, на 142 (44.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 175 (55.2 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 675 станови, со вкупна корисна површина од 54 646 м2.