Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јуни 2023 година

вторник, 15 август 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2023 година се издадени 242 одобренија за градење,
што е за 12.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 106 868 илјади денари,
што е за 38.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (47.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 66 (27.3 %)
за објекти од нискоградба и 61 (25.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 242 објекти, на 117 (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 (51.7 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 530 станови со вкупна корисна површина од 44 252 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика