Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година се издадени 325 одобренија за
градење, што е за 12.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 539 575 илјади денари,
што е за 47.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената вредност се должи на издаденото одобрение за градење на пругата Бељаковце – Крива Паланка во
истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 80
(24.6 %) за објекти од нискоградба и 58 (17.8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 325 објекти, на 175 (53.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (46.1 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 790 станови, со вкупна корисна површина од 71 091 м2.