Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јули 2014

среда, 10 септември 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2014 се издадени 209 одобренија за градење
што е за 16.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 453 003 илјади
денари што е за 344.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (69.9%) се наменети за објекти од високоградба, 24
(11.4%) за објекти од нискоградба и 39 (18.7%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 209 објекти, на 141 (67.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 68 објекти (32.5%)
инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 314 станови со вкупна корисна површина од 29 573 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика