Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, ноември 2024 година

понеделник, 13 јануари 2025


Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2024 година се издадени 260 одобренија за
градење, што е за 18.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 250 392 илјади денари,
што е за 63.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено
одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан
(интерконективен) гасовод Република Северна Македонија – Грција.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7 %)
за објекти од нискоградба и 46 (17.7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49 111 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика