Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, ноември 2014

понеделник, 12 јануари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014 се издадени 281 одобрение за градење
што е за 54.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 601 885 илјади
денари што е за 83.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (64.4%) се наменети за објекти од високоградба, 41
(14.6%) за објекти од нискоградба и 59 (21.0%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 281 објект, на 184 (65.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 објекти (34.5%)
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 361 стан со вкупна корисна површина од 35 324 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика