Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, април 2015 година

вторник, 09 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2015 се издадени 210 одобренија за градење
што е за 2.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 507 469 илјади
денари што е за 80.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беа издадени одобренија
за градење на останатите делници од новите 2 капитални проекта за автопати.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 127 (60.5%) се наменети за објекти од високоградба, 42
(20.0%) за објекти од нискоградба и 41 (19.5%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 210 објекти, на 115 (54.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 објекти (45.2%)
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 412 станови, со вкупна корисна површина од 30 939 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика