Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јули 2015 година

четврток, 10 септември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2015 се издадени 359 одобренија за градење
што е за 71.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 576 256 илјади
денари што е за 13.6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение
за градење на капитален проект за изградба на магистралниот гасовод, делница Клечовце - Неготино.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 231 (64.4%) се наменети за објекти од високоградба,
40 (11.1%) за објекти од нискоградба и 88 (24.5%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 359 објекти, на 227 (63.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 објекти (36.8%)
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 956 станови со вкупна корисна површина од 72 255 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика