Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, септември 2015 година

понеделник, 09 ноември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2015 се издадени 316 одобренија за
градење, што е за 19.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 182 150 илјади
денари, што е за 6.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 186 (58.9%) се наменети за објекти од високоградба, 50
(15.8%) за објекти од нискоградба и 80 (25.3%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 316 објекти, кај 189 (59.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 127 (40.2%) објекти
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови, со вкупна корисна површина од 35 189 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика