Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јуни 2016

понеделник, 15 август 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2016 се издадени 274 одобренија за градење
што е за 47.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 405 372 илјади
денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 (63.5%) се наменети за објекти од високоградба, 30
(10.9%) за објекти од нискоградба и 70 (25.6%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 274 објекти, на 169 (61.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (38.3%) објекти
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 857 станови со вкупна корисна површина од 63 032 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика