Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јули 2016 година

петок, 09 септември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година се издадени 256 одобренија за
градење што е за 28.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 462 458 илјади
денари што е за 37.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (70.7%) се наменети за објекти од високоградба,
24 (9.4%) за објекти од нискоградба и 51 (19.9%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 256 објекти, на 181 (70.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 (29.3%) објекти
инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 711 станови со вкупна корисна површина од 58 253 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика