Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јануари 2017 година

среда, 08 март 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2017 се издадени 368 одобренија за градење
што е за 39.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 260 686 илјади
денари што е за 69.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 226 (61.4%) се наменети за објекти од високоградба, 41
(11.1%) за објекти од нискоградба и 101 (27.5%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 368 објекти, на 248 (67.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 (32.6%) објекти
инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 503 станови со вкупна корисна површина од 47 421 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика