Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, август 2017 година

вторник, 10 октомври 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2017 година се издадени 232 одобренија за
градење, што е за 6.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 182 494 илјади
денари, што е за 23.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 154 (66.4%) се наменети за објекти од високоградба, 20
(8.6%) за објекти од нискоградба и 58 (25.0%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 232 објекти, кај 161 (69.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 71 (30.6%) објект
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 559 станови, со вкупна корисна површина од 45 011 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика