Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, септември 2017 година

петок, 10 ноември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика во септември 2017 се издадени 222 одобренија за
градење, што е за 25.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 575 789 илјади
денари, што е за 29.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 141 (63.5%) е наменетo за објекти од високоградба, 18
(8.1%) за објекти од нискоградба и 63 (28.4%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 222 објекти, на 162 (73.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 (27.0%) објекти
инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 665 станови, со вкупна корисна површина од 55 192 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика