Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, ноември 2017 година

петок, 12 јануари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017 се издадени 229 одобренија за градење, што е за 36.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 633 303 илјади денари, што е за 72.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 140 (61.1%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7.0%) за објекти од нискоградба и 73 (31.9%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 229 објекти, на 168 (73.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 61 (26.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 306 станови со вкупна корисна површина од 29 819 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика