Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, декември 2017 година

понеделник, 12 февруари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2017 се издадени 257 одобренија за градење,
што е за 22.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 730 156 илјади денари,
што е за 76.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (60.3%) се наменети за објекти од високоградба, 19 (7.4%) за
објекти од нискоградба и 83 (32.3%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 257 објекти, на 184 (71.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 (28.4%) објекти инвеститори
се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 25 413 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика