Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јануари 2018 година

петок, 09 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 се издадени 189 одобренија за градење, што
е за 48.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 412 194 илјади денари,
што е за 54.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за
градење експресен пат во Источниот регион.


Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (69.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 20 (10.6%)
за објекти од нискоградба и 37 (19.6 %) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 189 објекти, на 140 (74.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 (25.9 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 233 станови, со вкупна корисна површина од 24 943 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика