Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, октомври 2018 година

среда, 12 декември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2018 година се издадени 276 одобренија за
градење, што е за 31.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 815 745 илјади денари,
што е за 45.7 % повeќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 158 (57.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (17.4 %)
за објекти од нискоградба и 70 (25.4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 276 објекти, на 157 (56.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 119 (43.1 %) објект инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 591 стан, со вкупна корисна површина од 116 486 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика