Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Број на издадени одобренија за градење во јануари 2011 година

понеделник, 07 март 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2011 се издадени 172 одобренија за градба што е за 11.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 103 590 илјади денари, што е за 105.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 130 (75.6%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (9.3%) за објекти од нискоградба и 26 (15.1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 172 објекти, на 128 (74.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (25.6%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 265 станови, со вкупна корисна површина од 27 753 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика