Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, септември 2019 година

понеделник, 11 ноември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2019 година се издадени 214 одобренија за градење, што е за 2.3 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 988 722 илјади денари, што е за 3.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 122 (57.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 25 (11.7 %) за објекти од нискоградба и 67 (31.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 214 објекти, на 140 (65.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 (34.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 176 станови, со вкупна корисна површина од 20 383 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика