+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, октомври 2019 година

вторник, 10 декември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика во октомври 2019 година се издадени 308 одобренија за градење, што е за 11.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 760 827 илјади денари, што е за 35.3 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 151 (49.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 43 (14.0 %) за објекти од нискоградба и 114 (37.0%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 308 објекти, на 180 (58.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 128 (41.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 562 станови, со вкупна корисна површина од 50 294 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика