Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, декември 2019 година

петок, 14 февруари 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика во декември 2019 се издадени 286 одобренија за градење, што е за 2.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 460 995 илјади денари, што е за 59.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на експресен пат во Североисточниот Регион.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 130 (45.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 56 (19.6.%) за објекти од нискоградба и 100 (35.0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 286 објекти, на 151 (52.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 135 (47.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 423 станови, со вкупна корисна површина од 32 307 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика