+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, април 2020 година

среда, 10 јуни 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика во април 2020 година се издадени 173 одобренија за градење, што е за 27.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 657 228 илјади денари, што е за 31.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 92 (53.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10.4 %) за објекти од нискоградба и 63 (36.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 173 објекти, на 93 (53.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 80 (46.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 835 станови, со вкупна корисна површина од 62 697 м2.
 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика