Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Бројот на издадени одобренија за градење во јануари 2010 година изнесува 154

петок, 05 март 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2010 се издадени 154 одобренија за градба што е за 34.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 123 (79.9%) се наменети за објекти од високоградба, 10 (6.5%) за објекти од нискоградба и 21 (13.6%) за објекти за реконструкција.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 026 006 илјади денари што е за 46.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупно 154 објекти, на 122 (79.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 32 објекти (20.8%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 195 станови, со вкупна корисна површина од 17 601 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика