Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Број на издадени одобренија за градење во октомври 2010 година

понеделник, 06 декември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2010 се издадени 191 одобрение за градба, што е за 29.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 538 379 илјади денари, што е за 19.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 158 (82.7%) се наменети за објекти од високоградбата, 12 (6.3%) за објекти од нискоградбата и 21 (11.0%) за објектите за реконструкција.

Од вкупно 191 објект, во 151 (79.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 40 објекти (20.9%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 273 станови, со вкупна корисна површина од 26 106 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика