Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за градење, јануари 2013

среда, 06 март 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2013 година се издадени 181 одобрение за
градење што е за 7.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 667 678 илјади
денари што е за 30.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 136 (75.1%) се наменети за објекти од високоградба,
20 (11.1%) за објекти од нискоградба и 25 (13.8%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 181 објект, на 138 (76.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 43 објекти (23.8%)
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 512 станови, со вкупна корисна површина од 38 855 м2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика