Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката
индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2010
година
четврток, 25 февруари 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јануари 2010 година како понеповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е малку понеповолна. Обемот на производството на деловните субјекти во јануари 2010 година бележи раст во споредба со претходните три месеци, очекувањата
за обемот на производството во наредните три месеци се оптимистички, а неповолни се очекувањата за бројот на вработените. Во јануари 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и набавките на суровини и репроматеријали се под нормалата. Залихите на готови производи во јануари 2010 година се намалени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период,
просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, а продажните цени на готовите производи ќе се намалат. Просечното искористување на капацитетите на претпријатијата во јануари 2010 година, во однос на претходниот месец, е намалено и изнесува 51.4% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јануари 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 26.8%, недоволната домашна побарувачка со 19.4%, финансиските проблеми со 11.6%, неизвесното економско опкружување со 10.5%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика