Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за сегашната економска состојба на деловните субјекти во март 2010 година

понеделник, 26 април 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во март 2010 година како понеповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, исто така, е понеповолна. Обемот на производството на деловните субјекти во март 2010 година бележи мал пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се оптимистички, а поволни се и очекувањата за бројот на вработените. Во март 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под нормалата. Залихите на готовите производи во март 2010 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемено и изнесува 55.5% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во март 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 26.3%, недоволната домашна побарувачка со 19.3%, финансиските проблеми со 11.7% и неизвесното економско опкружување со 9.1%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика