+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во април 2010 година

вторник, 25 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во април 2010 година како поповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, исто така, е поповолна. Обемот на производството на деловните субјекти во април 2010 година бележи мал пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се пооптимистички, а поволни се и очекувањата за бројот на вработените. Во април 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и набавките на суровини и репроматеријали се под нормалата. Залихите на готови производи во април 2010 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се намалат, додека продажните цени на готовите производи ќе се зголемат. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемено и изнесува 56.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во април 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 26.5%, недоволната домашна побарувачка со 17.7%, финансиските проблеми со 13.3% и неизвесното економско опкружување со 11.2%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика