Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2013 година

среда, 25 декември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
деловните субјекти во ноември 2013 година како непроменета во однос на претходниот месец, а како поповолна
во однос на ноември 2012 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во
однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во ноември 2013 година е понепoволна
во однос на претходниот месец, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци и
очекувањата за бројот на вработените. Во ноември 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали,
како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите
производи во ноември 2013 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување
на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2013 година изнесува 60.7% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во ноември 2013 година имаат следните
фактори: недоволната странска побарувачка со 26.2%, недоволната домашна побарувачка со 19.0%, неизвесното
економско опкружување со 10.1 % и финансиските проблеми со 8.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика