Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јули 2010 година

среда, 25 август 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јули 2010 година како поповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна. Обемот на производството на деловните субјекти во јули 2010 година и понатаму бележи пораст во споредба со претходниот месец, додека очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се песимистички, а очекувањата за бројот на вработените се пооптимистички. Во јули 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и набавките на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јули 2010 година се намалени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, а продажните цени на готовите производи ќе се намалат. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2010 година, во однос на претходниот месец, е на исто ниво и изнесува 59.6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јули 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.4%, недоволната домашна побарувачка со 17.6%, финансиските проблеми со 12.7% и неизвесното економско опкружување со 10.1%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика