+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2014 година

четврток, 27 февруари 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба
на деловните субјекти во јануари 2014 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а како
понеповолна и во однос на јануари 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е
понеповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во јануари 2014 година
е понепoволна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три
месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се понеповолни. Во јануари 2014 година, залихите
на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу
нормалата. Залихите на готовите производи во јануари 2014 година се зголемени во однос на декември 2013
година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2014 година изнесува
60,0% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството
во јануари 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.6%, недоволната
домашна побарувачка со 17.6%, финансиските проблеми со 10.5% и неизвесното економско опкружување со
10.2 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика