+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за сегашната економска состојба на деловните субјекти во септември 2010 година

понеделник, 25 октомври 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во септември 2010 година како поповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, е малку понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во септември 2010 година бележи мал пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се малку понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се поповолни. Во септември 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во септември 2010 година се намалени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите незначително ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2010 година изнесува 60.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во септември 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.2%, недоволната домашна побарувачка со 16.4%, финансиските проблеми со 13.0% и неизвесното економско опкружување со 10.4%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика