Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јули 2020 година

понеделник, 17 август 2020


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2020 година е зголемен за 0.1 процентeн поен во однос на јуни 2020 година и изнесува 12.3, а во однос на јули 2019 година е намален за 8.9 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2020, во однос на јуни 2020 година, е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јули 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2020 година изнесува 66.2 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.5 %, неизвесното економско опкружување со 16.6 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.9 % и недоволната домашна побарувачка со 12.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика